Не гледаме никакви пречки за развој на нашите односи со земји кои не се членки на ЕУ и размислуваат за членство или за поблиска ссоработка со Унијата.
Никогаш не сме го поставиле тоа како „со нас или против нас“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја Стратегијата на Европската комисија за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, објавена деновиве.
Взаемните односи со балканските земји, како и со земјите од ЕУ е суштински важна за Русија, и веруваме дека практиката и искуството покажаа дека таквиот начин е можен , истакна Захарова.
Таа рече дека дека Русија ги развива своите односи и со земјите кои се членки на Унијата.
„Како премиса го земаме фактот дека тие се членки на ЕУ и имаат определени обврски кон ЕУ, но истовремено поддржуваме хармоничен развој со нива на неколку патеки, како во билатерален формат, така и во формат на сојузот“ објасни Захарова.