Заштедете батерија со лесни верзии на апликациите

Водечките компании за дигитална технлогија и софтвер продолжуваат да развиваат поедноставни верзии на апликации кои користат малку податоци и со тоа не ја оптеретуваат батеријата. Како што пишува поралот факултети.мк апликациите се достапни за сите не само за земјите во развој. 
Така на пример Facebook Lite е создадена за земјите во развој, но постои можност да не можете да ја инсталирате од продавницата на Гугл. Затоа првин треба да отворете во Settings на Вашиот Андроид телефон, потоа Security, и вклучете On на Unknown sources. Преземете ја последната верзија на Facebook Lite од APK Mirror, а потоа префрлете ја на Вашиот телефонпреку емаил, Dropbox, или друг метод и инсталирајте ја. Ајфоните ја немаат оваа опција, но може да ја користите мобилната страница на Фејсбук.

Skype Lite е направен специјално за Индија и веројатно е дека ќе не можете да ја преземете од продавницата на Гугл. Следете ги инструкциите кои се наведени погоре, потоа преземете ја апликацијата од APK Mirror. Skype Lite не ја оптеретува батеријата и е поедноставна за користење.

Twitter Lite е продукт исто така наменет за земјите во развој, но не е апликација туку станува збор за мобилната страница на Твитер, направена да биде што поефикасна. Секој може да дојде до неа – mobile.twitter.com.

Исто како и Твитер, може да ја користете страницата на Инстаграм за да не го оптеретувате телефонот со апликацијата. Од пребарувачот на Вашиот телефон изберете www.instagram.com и регистрирајте се со Вашето корисничко име и лознка.