Воздухопловната компанија Ер Берлин во петокот слета на аеродромот во Берлин за последен пат. Авио-компанијата по речиси четири децении постоење поради стечај ќе престане да лета.
Летот AB 6210 беше пречекан од страна на вработените и љубопитните посетители, а пожарникарите традиционално ги поздравија со водени топови.
Ер Берлин беше омилен меѓу Германците, бидејќи со него летаа за време на своите одмори на островот Мајорка, а меѓу другото беа познати и по чоколадните срца, кои ги делеа по секој лет.
За последното полетување и слетувањето екипажот на пилотската кабина на прозорците истакна знамиња со печатено лого Ер Берлин и преку него се појави пораката „Кажете им збогум“.
Авиокомпанијата издаде изјава во која им се заблагодарува на „вработените, партнерите и патниците кои во многуте години ги дадоа своите срца и лојалност“.
„Авиокомпанија е со седиште во главниот град Берлин и беше важен претставник на нашиот град низ целиот свет“ рече градоначалникот на Берлин Мајкл Милер за јавниот ТВ сервис.