Грчкиот архиепископ Јероним е непопустлив и изјави дека Црквата не може да остане рамнодушна кон спорот за името „Македонија“.

„Ова е национално прашање кое не може да ја остави рамнодушна грчката Црква“, изјави Јероним во Одборот на Светиот Синод кој беше свикан минатата ноќ (по локално време) со учество на четворица епископи од Северна Грција кои се спротивставуваат на вклучувањето на зборот „Македонија“ во новото име на пЈРМ, пишува „Неос Козмос“.

Ставот на Црквата од 1992 година е дека ПЈРМ „присвојува и го бара тоа што не го поседува, односно грчкото име Македонија и на тој начин го повредува грчкото достоинство и историската реалност“.

„Ние сме бескомпромисни за зборот Македонија”, објави Светиот Синод едногласно во средата.

„Прашањето нè допира, го следиме со агонија и со емоции. Тоа (прашање – н.з.) не е само национално и политичкоа, туку и црковно“, истакна архиепископот Јероним.