Ем вкусно, ем здраво, ем декоративно … Проја со спанаќ и сирење.
Состојки:
-1 чаша СЕНАМЕНСКО бело брашно
-3 јајца
-1 чаша млеко
-½ чаша кисела вода
-2 чаши пченкарно брашно
-½ чаша масло за јадење
-1 кесичка прашок за печиво
-200 гр. рендано сирење
-сол по вкус
-250 гр. обарен спанаќ

Подготовка:

Јајцата се матат, постепено се додаваат млекото, маслото за јадење, киселата вода, двете брашна измешани со прашокот за печиво, солта и на крај сирењето и спанаќот. Се мешаат додека се изедначи смесата. Се истура во подмачкан плех и се пече на 220°С, 30 до 40 минути.