“Ситуацијата не е сјајна, сите можни линии на ликвидност на буџетот се надминати, а тој не е полн како што говореа. Моменталниот јавен долг на Македонија е околу една милијадра евра”, рече премиерот на владата на Република Македонија Зоран Заев во колективното интервју на кое се соочи со најголемиот дел од уредниците во нашите ТВ куќи. Тој признава дека не биле добри и точни нивните информации до сега, односно дека некој од претходната власт не ја зборувал вистината.

“Се надевам дека парите што се излеваа ќе можеме да си ги собереме, а до приходите ќе се обидеме да дојдеме без притисок врз граѓаните”, вели Заев кој соопшти дека во буџетот нема 130 милиони евра туку само 6.

“Неевидентираните доспеани обврски кон државата ќе треба да ги сумираме и ќе ги споделиме. Мислам дека дека во моментов имаме скриен долг од околу 1 милијарда евра, но се ќе знаеме кога ќе ги видиме сите фактури што ќе пристигнат”, велејќи дека не сака да ги плаши граѓаните и најавувајќи дека наскоро владата ќе излезе на прес со сите информации.

Од подолгото интервју на Зоран Заев го издвојуваме само уште делот кој се однесува на пензиите на граѓаните за кои претседателот на Владата на Р. Македонија вели дека ќе бидат редовни, а се ќе биде направено тие и натаму да растат.

“Вчера пензиите стасаа најредовно иако при првото влегување во кабинетот не дочекаа издатоци од 300 милиони денари за фасади и 50 милиони денари за патриотските здруженија. Тие не се исплатени за сега, ќе мора да провериме. За висината на пензиите не зборуваме, а растот ќе оди со зголемување на потрошувачката кошничка”, рече Заев.