Бугарската агенција „Фокус“ денеска објави отворено писмо од бугарски општествени работници и интелектуалци во кое ја прозиваат Бугарската православна црква зошто за време на престојот на рускиот Патријарх Кирил на Софија, не го отворила прашањето на односот на руската и на бугарската црква кон МПЦ-Охридска архиепископија.

„Длабокосме огорчени штоархереите на нашата БПЦ не го подигнаа прашањето ниту пред Неговото свештенство патријаркхот константинополски Вартоломеј (јануари 20128) ниту пред Неговото свештенство патријарх на Москва, Кири. Со тоа тие не ја исполнија преземеното задолжение од БПЦ да се застапат пред помесните православни цркви за востанобување на канонскиот статус на МПЦ“, се вели во писмото.

Бугарските интелектуалци велат дека очекуваат „Руската православна црква да ги прифати долгорочните интереси на васеленското православие, на православните христијани во Република Македонија, Бугарија, Србија и на сите соседни држави, така што ќе ги направи нужните мудри чекори за нормализирање на меѓународниот статус на обновената Охридска архиепископија“.

Меѓу другото во писмото уште се укажува на вековните врски меѓу црквите и на хармонијата во православието кои се поважни од сегашните политички искушенија кои водат кон подлабик раскол.

Патријархот Кирил престојуваше во Бугарија на почетокот од месецов и учествуваше во подбелешувањето на 140 годишнината од ослободувањето на земјата од Отоманското царство.