Ова е време на пиперките. Тие не само што се многу вкусни, туку претставуваат и вистинска ризница на корисни и здрави состојки (минерали, витамини, каротиноиди, флавониди). Пиперките можат да бидат благи, или толку лути што многу луѓе ги сметаат за незаменлив афродизијак.
Пиперката има разни бои и форми, а воопшто не е правило дека црвените пиперки се и најлути. Има и зелени пиперки кои се толку лути што го жарат јазикот и непцето. Лековитоста на пиперката во народната медицина никогаш не била ставена под знак прашалник. Таа е богата со минерали, витамини, посебно со витамин Ц.


Витамини и минерали
Од витамини, пиперката најмногу содржи витамин Ц. Докажано е дека во пиперката има дури 4-5 пати повеќе витамин Ц отколку во лимонот и портокалот. Количината на витаминот Ц изнесува околу 100-250 милиграми во 100 грама свежи пиперки, a неговата количина зависи од староста на пиперката.
Во пиперката има и значителни количини на витамин Б, посебно Б1(60 милиграми/100 грама) и Б2 (30 милиграми/100 грама свежи пиперки). Содржи и витамин Е, поради што пиперката има и антиканцерогени својства. Содржи и пантотенска киселина, а во форма на провитамин содржи и витамин А, кој е присутен како бета-каротин и криптоксантин.
Од минерали, пиперката е најбогата со калиум, фосфор и железо. Поради големата количина на витамин Ц, пиперката се препорачува во исхраната за јакнење на имунолошкиот систем.


Лековити својства
Пиперката се користи за подготвување на салати и јадења, но и за разни пијалоци. Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот.
Правот од лутата црвена пиперка се користи за лечење на пореметувања во варењето и за хемороиди.
Содржи доста калиум кому му се препишува диуретското и антиканцерогеното дејство.
Пиперката позитивно влијае на површинската капиларна циркулација, а благодарение на состојката ситрин влијае и на елестичноста и пропустливоста на капиларите. Затоа, пиперката се користи и за лекување на артеросклероза.
Верувањето во афродизијачкото својство се темели на влијанието на пиперката на циркулацијата. Таа ја забрзува циркулацијата во телото.