Аргентинскиот напаѓач на Јувентус Гонзало Игуаин беше невидлив во финалето од Лигата на шампионите синоќа во Кардиф каде Реал Мадрид славеше со 4-1 и дојде до 12. титула во Лигата на шампионите. Игуаин кој летоска дојде во Торино за рекордни во Италија, 90 милиони евра, со тоа ја продолжи низата од загубени големи финалиња во секое од последните четири години.
Напаѓачот кој сезонава има 32 гола за Јуве губеше претходно со Аргентина во финални средби од Копа Америка, два пати, и еднаш во завршната борба за трофејот на Светското првенство. Во сите тие натпревари Игуаин не успеваше да постигне гол, а неговите тимови губеа, па излегува дека тој е малер на Гаучосите и на Јувентус.