Ирска од 1 јануари 2018 година воведува забрана за користење на диви животни во циркусите. Тоа е нов закон кој ќе го замени постоечкиот кој е однесуваше на благосостојба на животните.

Ирскиот министер за земјоделство Мајкл Крид потпиша текст кој спречува во циркуските карвани и претстави да се појавуваат животни „кои не се домашни, од земјата во која се одржува забават“. Според новиот закон, животните не смеат да бидат подложени на повреди, страв и стрес.

Законот дојде по иницијатива и со поддршка на организациите за заштита на животните и општеството во Ирска, каде што популарните циркуси и сега не се добредојдени на некои места. Во случај на прекршување на законот, се предвидува парична казна од 250.000 евра или затвор до пет години.

Покрај Ирска, слични закони се воведени во повеќе од 40 земји низ светот, од кои 19 во Европа, меѓу другите во Холандија, Австрија и Белгија.