Исламисти од Северен Кавказ, закана за Германија

Директорот на Федералната служба за заштита на германскиот устав (контраразузнување), Ханс-Георг Маасен, ги предупреди Германците за нараснатата закана од исламисти кои доаѓале од Северниот Кавказ.

Радикално настроени жители на Северна Кавказ учествувале во чеченската војна, а во моментов активно учествуваат во бојните дејства во Сирија и Ирак, рече Маасен, пренесуваат агенции.

Тој, исто така, предупреди дека има зголемување на бројот на салафисти во Германија.

Според него екстремистите од Северен Кавказ се одликуваат со зголемена склоност кон насилство и употреба на оружје, а исто така имаат големо познавање на боречки вештини и тие претставуваат потенцијална закана која бара посебно внимание од безбедносните сили во Германија.

Тој рече дека исламистите кои доаѓаат од Северниот Кавказ живеат главно во Источна Германија,  концентрирани во провинциите Бранденбург и Берлин, како и во Северна Рајна-Вестфалија, Хамбург и Бремен.

Се проценува дека има околу 700 луѓе во Германија, кои се сметаат за потенцијална закана како исламисти.