По информациите дека воздухот во Скопје последователно два дена ги надминува дозволените нивоа од 200μg/m3 стапуваат во сила вонредни мерки:

Во продолжение мерките кои што треба да ги преземат надлежните институции:

Од работни обврски треба да се ослободат бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, а лицата кои на отворено да работат од 11 до 17 часот.

Се забранува одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено а се засилуваат активностите на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

МВР ќе треба да го ограничи сообраќаен режим за тешки товарни возила кои би се упатувале на обиколницата.

Че се зголеми фрекфренцијата на автобуси на ЈСП на сите лини, ќе биде потребно секојдневно чистење на улиците и пешачките површини;
Ќе се засилат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

На вработениете во државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и АД во државна сопственост им се препорачува за 50 отсто да ја намалат , употребата на службените возила.