И Македонија виновна за тепачката на мечот Босна – Грција

Грчки навивачи тврдат дека една од причините за нервозата која што се претвори во општа тепачка на мечот во квалификациите за СП во Русија 2018 година било тоа што босанските навивачи постојано скандирале „Македонија“ и „Турција“.

Во дебатата на интернет за причините за тепачката во Зеница во која еден грчки фудбалер загуби два заба а физички се пресметаа и фудбалерите на Рома Џеко и Манолас, навивачите тврдат дека најпрвин обезбедувањето ги навредило грчките навивачи и го нападнало гостинскиот играч Јаниотас по што во текот на целиот меч Босанците ги скандирале имињата на нашата земја и на Турција.

Според босанските навивачи Грците претерале со тоа што на предходниот меч со стаклена флаша го погодиле Един Џеко а некои од нив носеле маици со пораки во врска со Сребреница што домашните фанови не можеле да го заборават.