Ракометарите на Вардар и Загреб во хрватската престолнина уште еднаш ги испочитуваа ракометните фанови и одиграа извонредно балканско дерби во кое нашиот и Европски првак славеше со 25-24. Клучни во црвено-црниот табор во завршницата беа Рожеиро Фереира, Карачиќ и голманот Страхиња Милиќ кој го одбрани ударот на Марковиќ во последните моменти.

Со ова Вардар има 43 бода и е сугурно прв на табелата, и од таму ќе влезе во плеј офот полуфиналето со, за сега непознат противник, зошто вториот и третиот, Загреб и Брест имаат по 31, а четвртото Цеље 26 бода, но и меч помалку.

Претходно во денот Металург загуби кај Горење со 35-27, а како и Брест славеше со Вјводина со 32-27, моментно седмиот Металург веќе нема шанси во последните три рунди да го стаса Цеље кое е оддалечено на 10 бода.