Каде денеска да ги поздравите ракометните шампиони на Европа?

 

Европските шампиони, ракометарите на РК „Вардар“ се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ околу 11 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, по што преку булеварот Гоце Делчев пред зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.

Оттаму црвено црната колона ќе се движи лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.

Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот  „Македонија“, преку Порта „Македонија.

Поради големиот услех – европската клупска шампионска титула на РК „Вардар“, ЈСП СКОПЈЕ организира бесплатен автобуски превоз за дочек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“.

Термините и локациите на тргнување на автобусите се следни:

  1. Ѓорче Петров

Тргнува од црквата „Свети Петар и Павле“ во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– City Mall,

– Хотел „Карпош“ (наспроти Хотел „Карпош“ кон центар) и

– Македонски Пошти.

  1. Кисела Вода

Тргнува од почетен терминал на линија 24 во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– Општина Кисела Вода,

– Транспортен Центар (Бензинска пумпа Макпетрол) и

– Алкалоид (Автокоманда).

  1. Аеродром

Тргнува од ТЦ „Скопјанка“ (пред Тобако 2) во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– Т.Ц. Бисер,

– Пошта (Ново Лисиче),

– ФФМ (Ново Лисиче) и

– Слаткарница „Шарлота“ (автопат на излез од Маџари).

фото мкд.мк