Кадрите на ДУИ нечепнати, смена за 33 вмровски директори во здравството

Владата продолжува со смена на директори назначени од минатата влада во здравствените институции. Вчера со нејзина одлука биле сменети 33 директори поставени од ВМРО – ДПНЕ а денеска продолжува истиот тренд се очекуваат нови десетина нови назначувања.

Сменета е и директорката на педијатрија Аспазија Софијанова која беше член на неколку различни владини тела и комисии и важеше за најекспониран играч на предходната влада во здравството, таа повеќе нема да ја извршува директорската функција во клиниката за детски болести во Скопје.

Со одлука на влада на нејзино место ќе биде поставена докторката Катерина Ставриќ. Ова е уште една смена на раководно место на државните клиники, а промени се очекуваат и на пулмологија, хематологија, психијатрија и клиниката за белодробни заболувања кај децата во Скопје меѓу другите.

Од министерството за здравство информираат дека кадровските смени ќе продолжат до крајот на неделава кога и останатите  здравствени установи ќе добијат нови директори.

„Ги работиме документите, не ги знам сите напамет да ги соопштам, но денес ќе назначиме директори на 33 здравствени установи и утре ќе продолжиме со другите и до крајот на неделата ќе ги направиме сите промени. “, изјави вчера Гоце Чакаровски – заменик министер за здравство

Засега во директорските фотељи на клиниките остануваат само кадрите од  ДУИ кои што ќе добијат најмалку две нови партиски засилувања во скопскиот клинички центар.

Според најавите Дејан Докиќ  кој во времето на ВМРО – ДПМНЕ се гонеше за корупција и беше во притвор е сигурен избор на Клиниката за пулмологија, Анѓелко Андоновски кадровик на СДСМ ќе седне во директоркста фотеља во болницата за белодробни заболувања кај децата во Козле. Стојан Бајрактаров ќе биде директор на Клиниката за психијатрија, Јане Нетковски ќе директорува со Клиниката за уво нос и грло. На Клиниката за кожни болести ќе директорува Нина Цаца Биљановска, а Ирина Пановска на Клиника за хематологија.

На пластична хирургија на местото на Смиља Туџарова доаѓа Софија Пејкова, на Клиника за ендокринологија е назначен Горан Петровски. Иако во јавноста подолго време се врти името на Виолета Јованоска како нов директор на Клиниката за гинекологија, НОВА дознава дека нејзиното назначување е се уште спорно и до последен момент не се знае кој ќе се седне на директорското столче на оваа установа.

За нов директор на Градската општа болница „8 Септември“ ќе биде назначен Христијан Костов исто така кадровик од владеачката партија и тој ќе го замени Сашо Стојчев

Главните причини за смена на раководните позиции е да се постави нов кадар кој ќе ги следи новите политики на Министерството за здравство, а најавена е и ревизија на работењето на досегашните директори.