Касами до лидер на БЕСА преку Америка

Лидерот на „Беса“ Билал Касами деновиве е во посета на Соединетите американски држави каде има средби со повеќемина членови и значајни луѓе во албанската дијаспора од Македонија.

Тој се сретнал со конгресменот Роберт Алдерхолд, како и со поранешениот когресмен Џон Лидер. За време на дводневниот престој таму Касами имал состанок и со шефот на бизнис-агенциите на албанската дијаспора, Назар Мемети. Состаноци се реализирани и со албанската заедница од Македонија во Чикаго, како и високи претставници на државата во Илиноис

Албанските медиуми прашуваат дали Касами се обидува преку дијаспората да извојува уште една победа, односно лидерска позиција на престојниот конгрес на 24 февруари?