Катар пред војна, Македонци се спремаат за одење на печалба

Една од најбогатите земји на светот која има огромни резерви на нафта и природен гас се соочува со можност од војна со своите соседи но тоа не е причина десетина македонски печалбари идната недела да не заминат да работат во оваа земја.

И покрај тоа што поради обвинувања дека ги поддржувал ИСИС Катар е блокиран преку морски и воздушен пат од Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и Емиратите групата Македонци која што преку домашни агенции нашле работа во Доха наредната недела ќе бидат на своите работни места.

Нив не ги плаши можноста од војна затоа што според информациите од нивни колеги во Катар во земјата не се чувствува никаква напнатост, има пристап до сите потребни намирници а тамошните власти информираат дека се работи за дипломатски конфликт кој набрзо ќе биде надминат.

Соговорниците не expres.mk кои немаат посебно осигурување, велат дека за Катар ќе патуваат преку Истанбул затоа што Турција не само што не ги прекина односите со оваа земја туку застана на страната на катарските власти и прави се за да им помогне.

Доколку не заминат во Катар на сите печалбари ќе им пропаднат парите дадени досега за наоѓање на работата како и авионските карти.

Во Катар во моментов живеат и работат речиси 5000 македонски државјани најчесто во секторите услуги, обезбедување и трговија.

Во оваа држава која има околу 2 милионни жители само околу 300 илјади се државјани на земјата , сите останати се дојденци од Египет, Либан и други азиски и африкански земји а во последниве години таму работат и голем број на луѓе од Балканот.

За време на посетата на шеикот на Катар Шеик Хамад бин Калифа ал Тани кој се сретна до претседателот Иванов во 2011 година  Македонија и Катар потпишаа неколку договори меѓу кои и договор за полесни процедури за вработување со кој се обезбеди услови за полесно наоѓање работа во оваа земја.

Катар важи за одлична дестинација и за спортисти, ракометарот Наумче Мојсовски пред 3 години играше за тамошен клуб.