„Властите во Поранешна Југословенска Република Македонија го симнаа уличниот патоказ кон аеродромот ‘Александар Велики’ во главниот град“, јави попладнево „Катимерини“.

Според Ројтерс, „знакот беше отстранет поради работа на патот, иако властите во ПЈРМ ветија дека ќе го сменат името на аеродромот, како и на автопатот именуван по античкиот грчки војсководец, во обид да се излезе од ќорсокакот во разговорите за името со Грција“, пишува весникот и додава дека „ПЈРМ ја објави одлуката за преименување на аеродромот и автопатот во Службен весник во четвртокот“.