Катица Јанева и колегите сакаат Кочан да оди во притвор

СЈО нема да го промени својот став за барањето притвор за сопственикот на фирмата „Трансмет“ и Телевизијата Нова.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска нагласи дека тие не отстапуваат од барањето за притвор за Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“.

– Кога се работи за криминал за каков што е осомничен Кочан, пракса е во државата да се бара притвор за лицето. Сакаме господинот Сеад Кочан да оди во притвор. Тоа е нашиот став. Ова сега е судска работа, ако не викнат ние ќе го повториме нашиот став, бидејќи е осомничен во нашиот случај – изјави Јанева.

Скопска Апелација ја прифати жалбата на СЈО за гаранцијата на бизнисменот Кочан во висина од околу 900.000 евра.

Скопскиот Апелациски суд го врати предметот на повторно одлучување во Кривичниот суд, со што ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство за одлуката наместо притвор бизнисменот Сеад Кочан да даде парична гаранција.