Кинески и фински дистрибутери купуваат македонска филмска ко-продукција

Филмската компанија ЈЛЕ и кинеската Хуалу ги купиле правата за емитување на филмот „Хармс“ снимен во чест на советскиот писатели поет Даниел Јувачев познат на светот како Данил Хармс.

Филмот кој што е снимен како руско – литванско – македонска копродукција е режиран од Иван Болетников а од македонска страна продуцент е Мануфактура на Сашо Павловски.

Хармс е првата руско – македонска копродукција со Литванија како втор копродуцент. Премиерата на филмот се случи пред неколку дена на 20-от филмски фестивал во Шангај а интерес за филмот има од некоку земји од Источна Европа и од Азија каде советскиот поет и писател е исклучително популарен со своите дела. Филмот кој е снимен со буџет од 1 милион евра наскоро ќе почне да се емитува во Кина додека премиерата во Финска е закажана за идната година.

Автор на музиката на филмот е македонскиот композитор Сони Петровски.