Довчерашниот член на шпанската Барселона, а нов на француски Нант, Кире Лазаров е избран за најдобар десен бек во традиционалното прогласување на Унијата на професионални ракометари. Покрај македонскиот капитен во тимот на сезоната се: Никлас Ландин, Микел Хансен, Никола Карабатиќ, Ласе Сван, Уве Генсхајмер и Хулиен Агинагалде.

Унијата на ракометните професионалци постои од 2008. година и на крајот од секоја сезона ги прогласува најдобрите со гласање на 1500 свои членови. Кире Лазаров за прв пат се најде во овој респектибилен тим