Клинички во клинч меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ

СДСМ ќе ја ревидира изградбата на новиот клинички центар, најавуваат од Павел Шатев.

Владата со технички овластувања нема овластување да потпишува вакви договори на неколку дена пред заминување, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, откако денеска министерот за здравство во заминување Никола Тодоров, потпиша договор за изградба со три компании. 

– Ќе бидат преиспитани и процедурите преку кои во последен момент пред трансферот на власта Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов клинички центар кој треба да се изгради во иднина. Немаше да чекаат да станат опозиција за да потпишуваат договор за нов клинички центар, кој го ветија во 2012 година. Новата реформска влада ќе го врати концептот на единствен универзитетски клинички центар – рече Шилегов.

Неискрените и неодговорни политичари во заминување ќе подлеажтна одговорност.