Ѕвездата од НБА Леброн Џејмс акумулира сериозна сума на долари од инвестицијата во синџирот пицерии во 2015. година.

Тогаш кошаркарот на Кливленд Кавалирс одби договор од 15 милиони долари за да стане рекламно лице на “Мекдоналдс”, и наместо тоа, купи 10 проценти од синџирот “Blaze Pizza”, со што предизвика збрка во маркетинг светот. Излегува дека, сепак, Леброн бил многу умен. Неодамна синџирот го отвори својот ресторан број 200, а за споредба, пред пет години во Калифорнија имало само два.

Профитот од 6 милиони долари во 2013. година скокна до 185 милиони во 2016. година, а прогнозите се дека до 2022. година ќе ја премине границата од 1 милијарда. Не јасно е само што Леброн освен влогот носи во развојот: идеја, карма, среќа, маркетинг, и што од тоа е гаранција за вака добра профитабилност на инвестицијата.