Американскиот претседател Доналд Трамп не мора да ја проверува својата електронска пошта, и да чека повик за еден од најмодерните настани во Њујорк во 2018 година, од едноставна причина, што Ана Винтур нема да го покани.

Модната икона, еден од главните организатори на вечерта и главниот уредник на модното списание „Вог“, во средата гостуваше на ТВ, а по прашањето која славната личност никогаш не би ја повикала на церемонијата, Ана без никакво двоумење изјави: „Доналд Трамп“.

Винтур беше голем поддржувач на Хилари Клинтон и за време на нејзината претседателска кампања во 2016 година, таа и беше голема поддршка. Во октомври минатата година, списанието ја прекрши традицијата на дистанца од политиката и отворено го поддржа првиот женски претседателски кандидат на САД.