Актерот и комичар веќе има околу 3.5 милиони долари за трошоци од долготрајното судење, а тоа може дополнително да се зголеми, ако се пријават нови жртви, а многу веројатно е да биде така.

Бил Козби (80) во моментов ги продава своите скапоцености, како што е африканската уметничка збирка, за да собере средства да ги плати адвокатите. На акторот во овој месец му се суди и за сексуално злоупотребување на кошаркарскиот тренер Андреа Констанд (41).

Андреа го обвинува Бил за дрогирање без нејзино знаење и за силување. Повеќе од 60 жени до сега поднеле тужби за сексуален напад. Во меѓувреме на Козби му е тешко да го следи судењето, бидејќи страда од деменција.

„Многу сум загрижен за мојот клиент, тој е изгубен. Тешко може да гледа, сè заборава, се урева и паѓа. Не знам дали ќе го издржи судењето на кое се решава неговата судбина“ изјави неговиот адвокат.