Коментар во живо Малме – Вардар

Редакцијата на Expres.mk со пренесување на вториот дел од натпреварот од лигата на шампионите во Малме каде што играат ФК Малме и Фк Вардар ќе се обиде да ја надомести празнината од непостигнатиот договор за ТВ пренос.

57 минута Удар на Кристијансен со глава по слободен удар од десната страна, топката отиде над голот нема проблеми за голманот на Вардар

Вардар ја контролира играта на средината на теренот не дозволува Малме да преземе целосна иницијатива

Навивачите на Малме постојано пејат навивачки песни и реагираат гласно на буквално секоја одлука на судиите

Вардар води со еден спрема нула

63 минута на додавање на Балотели, Николов со прецизен удар ниско до десната статива по постигнува голото за Вардар

Малме ги засили нападите, Вардар има шанса за контранапад

69 минута Бергет добра шанса за Малме но отиде топката во гол аут

Одличен удар на Кристијансен од 25 метри по средината на голот, топката за малку над голот

Жестока офанзивна на Малме во шеснаестникот на Вардар, Македонците одлично се бранат

72 минута На местото на Барсегијан во игра влегува Блажевски Дејан

74 минута домаќините бараат пенал откако Кристијанен падна без фаул пред голот на Вардар

Судиите покажуваат играта да продолжи

75 минута Малме изедначува преку бекот Брорсон

77 минута жолт картон за капитенот на Вардар Бобан Грнчаров за задржување време

79 минута измена во Вардар, излегува Спировски влегува Којашевиќ

Огромна шанса за Кристијансен кој излезе сам прд голот на Вардат голманот Гацевски одлично интервенираше спаси чист гол

81 минута Судија не суди чист фаул за Вардар пред голот на Малме на спротивната страна жолт картон за Хуан Фелипе

Опасен слободен удар од десната страна на шеснаесетникот на Вардар, публиката бара пенал за Малме

одстранета опасноста , корнер за Малме

89 минута фудбалерите на Малме се решени да дадат уште еден гол, но се чини нема време за такво нешто

цели 5 минути продолжение

93 минута огромна шанса за Малме прд голот на Вардар топката отиде во гол аут

94 минута корнер за Малме

Вардар имаше среќа по корнерот топката удри во пречката и не влезе во голот

повреден е капитенот Грнчаров, до крајот уште 30 секунди

нова огромна шанса за Малме во 95 минута за среќа топката по ударот од 16 метри оди над голот

нова повреда на играч на Вардар, публиката протестира и обвинува за симулација

се игра 98-та минута во Малме

Вардар се враќа непоразен од Шведска, мечот по 99 минути игра завшри нерешено 1:1