Со доаѓањето на Пандев, Алиовски, составот на црвено-жолтите е целосен за пријателските натпревари против Финска (23.март) и против Азербејџан (27.март). Тие ќе се играат во Анталија каде македонскиот национален фудбалски тим престојува од вчера.

Овие две пријателски на селекторот Игор Ангеловски ќе му дадат вистинска слика за состојбата на репрезентацијата која минатата година ја заврши со извонредни 4 победи и долго без пораз, а пред стартот на новоформираното натпреварување, Лигата на нациите.

Инаку во меѓувреме заврши неколкумесечното искачување на македонската фудбалска репрезентација на ФИФА листата, па овој месец имаме пад од една позиција и сега сме на 74. место.