„Конфликт на нациите: Модерна војна“ ги менува границите на Балканот

Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово ги нема на мапата

Македонија, Албанија, Косово  и Црна Гора ги нема на мапата на онлајн играта „Конфликт на нациите: Модерна војна“ во која играчите се обидуваат да победат во замислен воен конфликт.

Дејствието на „Конфликт на Нациите: Модерна војна“ е сместено на крајот на 20 и почетокот на 21 век и ги зафаќа и студената војна во осумдесеттите години на минатиот век и и технолошката револуција на 21 век.

Случајно или намерно компанијата која што стои зад играта „Doradogames“ на мапата со која што се рекламира играта на Фејсбук ги изоставиле Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора. На нивно место се Голема Хрватска и Гоема Србија кои што практично во играта ги окупирале териториите на помалите западно балкански држави.

Според производителот на играта во основа на играта е реалниот воен систем кој што се користи од играчите за да се постигне светска доминација.