Косово го загрозува енергетскиот систем на Европа!

Несогласувањето меѓу Косово и Србија влијае врз целиот енергетски систем на континентална Европа и мора веднаш да престане, соопшти асоцијацијата за транспорт на електрична енергија Entso-e .

Од средината на јануари, високонапонската електрична мрежа во Европа, која се протега од Шпанија до Турција и од Полска до Холандија, забележа отстапување на нормалната фреквенција 50 херци на струјата која се транспортира.

Отстапувањата потекнува од Србија, Македонија и Црна Гора, конкретно од Косово и Србија, изјави портпаролката на Entso-e, Сузан Нејс.

Косово користи повеќе енергија отколку што произведува, додека Србија, која е одговорна за балансирање на косовската мрежа, не успеа да го регулира тоа, рече Нес.

Просечната фреквенција од средината на јануари е пониска и изнесува 49.996 Херци, што резултира со загуба на 113 GWh електрична енергија.

„На прашањето кој ќе ја надомести оваа загуба треба да се одговори“, велат од на Entso-e  и предупредуваат дека проблемот ќе остане доколку не се најде решение на политичко ниво.