Нова рунда разговори меѓу Атина и Скопје, под покровителство на ОН, се очекуваат кон крајот на овој месец или почетокот на месец април откако претходно во Скопје треба да допатува шефот на грчката дипломатија, соопшти премиерот Зоран Заев.

Никос Коѕиеас, за кој се најавуваше доаѓање оваа недела, сепак најверојатно ќе допатува кон средината на месецот.

„Имаме најава дека Коѕиас ќе долета третата или четвртата недела од март и со неговото доаѓање на аеродромот Скопје ќе се направат обиди за приближување на ставовите“ изјави премиерот пренесува МИА:

Македонскиот премиер очекува дека за време на престојот во Скопје, Коѕиас да ја претстави позицијата на Грција во врска со прифатлива опција за името.

„Ја очекувам првата драфт верзија да дојде со министарот Коѕиас“ изјави Заев

Денешен „Катимерини пишува дека, наводно, постигнат бил договор за името, за опсегот на употреба и за акронимите и дека остануваат уште неколку прашања.

Посетата на првиот дипломат на Грција во Скопје се гледа како обид за доближување на позициите меѓу двете страни, со цел долгогодишниот спор да биде решен.