Коѕиас не доаѓа во Скопје, ќе лета за Бостон

И покрај најавите дека грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, ќе го посети Скопје минатата недела, забавувањето на динамиката во разговорите околу името го одложува патувањето на неодредено време.

Неделава Никос Коѕиас ќе треба да зборува на Универзитетот Тафтс во Бостон и така не би можел да патува во Скопје ни оваа.

Поради разликите кои продолжуваат да ги „одалечуват“ двете страни, може да се случи тој да не дојде ни до крајот на март, пишува „Катимерини“.

Патувањето на Коциас, ќе биде првиот директен лет од Атина до Скопје за 12 години.

Весникот оценува дека „по силниот старт, разговорите во врска со спорот за името помеѓу Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ) значително забавија, бидејќи Атина чека значајни отстапки од Скопје за клучните барања на Грција за промени во уставот.“

Но, и покрај тоа што ПЈРМ исполни ветувањаи  направи симболични промени – како што се промената имињата на меѓународниот аеродром во Скопје и клучниот автопат – грчката страна е загрижена поради отсуството на каква било промена во суштинските прашања, како што е континуираното одбивање од страна на премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, за ревизија на уставот на земјата.

„Наместо тоа, македонскиот премиер инсистира на изготвување на меѓународен договор, истакнувајќи дека неговата влада нема потребното парламентарно мнозинство да протурка какви било уставни измени“ пишува „Катимерини“ и потсеќа дека грчките власти тврдат дека Заев може да убеди дополнителни пратеници да ги донесат уставните промени.