По серијата од девет натпревари без пораз нашиот женски ракометен првак загуби кај Мец во Франција со 24-22, па останува во последните две кола, против Битигхајн на домашен терен и на гости кај Будуќност да бидат обезбедени бодовите за зачувување на првото место во втората четврт-финална група од Лигата на шампионките. Црвено-црните и сега се водечки со 14 бода, два повеќе од Мец и ќе треба да дојдат до само уште една победа за влез во Топ-8 како првопласирани.

Нешто послабиот финиш на дуелот од 4 круг во оваа фаза е причина за поразот иако вардарки беа во одлична позиција и овој пат. По главно нерешениот и долг период, на полувреме исто беше 10-10, во 50 минута првпат поведовме со два гола, 20-18. Изгледаше дека најдовме начин како да го скршиме отпорот на домашните ракометарки, но наместо да дојдеме до три гола разлика, ние направивме неколку грешки што ги врати ракометарките на Мец кои, од тој миг направија 4-0 за водство од 22-20, но и за триумф од 24-22.

По ланскиот убедлив пораз на истата локација ЖРК Вардар денеска беше подобар, но недоволно да остане непоразен, но се може да биде надополнето во следното коло на 2 март кога во Скопје доаѓа Битигхајм.