Кој е министерот осомничен за организиран криминал?

Ниту основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ниту медиумите не откриваат ниту навестуваат кој е министерот кој е член на група против која ОЈО отворило истрага за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари.

Покрај засега неименуваниот министер ОЈО гони и поранешен и актуелен директор на „НЛБ Тутунска банка“, адвокат, нотар и еден словенски државјанин, осомничени за

„Постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање на фирми, подигање на кредити и пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата се инвестирани во основање на нови фирми и купување на недвижен имот на подрачјето на град Битола. Со цел да утврди факти и да обезбеди докази, обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издаде наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа“, стои во соопштението од ОЈО.