Кратко време во претходното деноноќие основачот на Амазон, Џеф Безос го надмина Бил Гејтс, основачот на софтферскиот гигант Мајкрософт и неколку часа беше најбогата на светот. Сето ова благодарение на скокот на цената на акциите на Амазон на берзите, пренесе денес американскиот економски магазин Форбс. Богатството на генералниот директор на Амазон, основан во 1994. година во Сиетл, со краткотрајниот скок на курсот на акциите на овој интернет гигант се искачи на 90,5 милијарди долари, додека тоа на Бил Гејтс остана на 90 милијарди долари.

Но сето не траеше долго зошто падот на добивката на Амазон неколку часа подоцна предизвика и пад на курсот на акциите на овој концерн, и повторно воспоставување на старата ранг-листа на најбогати луѓе во светот. Поголем дел од богатството на Безос е неговото учество во капиталот на Амазон. Безос е сопственик на акции во својата компанија во вредност од 80,89 милиони долари, што е околу 17 отсто од капиталот на Амазон. Во последните четири месеци акциите на Амазон поскапеле за 24 насто на берзите, што за Безос значеше зголемување на богатството за околу 17 милијарди долари, иако е тоа само потенцијално богатство, сѐ додека не ги продаде овие акции.

Промената на позициите и кусиот престој на Безос на чело на списокот на најбогати луѓе во светот го симболизира растот на “новата економија”, главно на интернет гигантите. Меѓу првите 10 најбогати луѓе во светот е и основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, чие богатство во моментов е проценето на 72,9 милијарди долари.