Кумуцакос, противник на име Македонија, сега гледа можност за разврска на спорот

Пратеникот на главната грчка опозициска партија Неа Демократија, Јоргос Кумуцакос, познат по неговиот став дека „Поранешната и така натаму… република“ , треба да прифати ново име, па дури потоа да разговара за евроатлантските аспирации, за што треба да добие виза од јужниот сосед, вчера изјави дека победата на СДСМ во првиот круг од локалните избори е позитивен тек на настаните и можност за подобрување на односите меѓу Скопје и Атина,

Во септември Кумуцакос, кој се смета за министер за надворешни работи „во сенка“,  беше цврст во ставот дека грчката политика за името за ПЈРМ и перспективите на таа земја во НАТО и ЕУ, се утврдени во 2008 година под едноставната равенка: Нема решение (за името)= нема ни приклучување.

Сега тој вели дека по првиот круг од локалните избори „во Скопје имаме многу посигурни и попродуктивни соговорници во однос на прашањето за името“.

Кумуцакос изразил задоволство од подобрување на атмосферата за решавање на спорот за името и истакнал дека Грција ќе стори сè што е потребно за да се реши спорот, со што ќе се отвори евроатлантската перспектива за земјава.

Јоргос Кумуцакос, поранешен портпарол во грчкото Министерство на надворешни во времето на Дора Бакојани, актуелен европратеник и шеф на секторот за надворешна политика на опозиционата Неа Демократија, пред еден месец доби стотина афирмативни коментари по објавата за неговиот поглед на политика кон Скопје која претпоставува, според него, Поранешната и така натаму… република , да прифати ново име, па дури потоа да разговара за евроатлантските аспирации, за што, треба да добие виза од јужниот сосед.

Прием под името „Македонија“, за Грција е неприфалив, изјави тогаш актуелниот европратеник и шеф на дипломатскит сектор на опозиционата Неа демократија.