„Terzo Millennio“ (Трет милениуми) е името за новиот бренд во автомобилскиот дизајн, а италијанскиот производител на автомобили Ламборџини го претстави на Технолошкиот институт на државата Масачусетс.

Развојот на овој мотор на иднината е направен во соработка со Универзитетот МИТ, а „Terzo Millennio“  потсетува на вселенски брод.

Автомобилот ќе има електрично напојување, а секое тркало ќе има свој електричен мотор.

Една од уникатните техники кај овој модел е “самоисцелувачката“ каросерија, изработена од карбонски влакна.

Оваа технологија ќе овозможува да се следат штетите кои ќе се самопоправат со нанотехнологија.