Хрватска денес го одбележува Националниот ден, а по тој повод беше собрано целокупното национално лидерство. Претседателот на Република Колинда Грабар-Китаровиќ, претседател на хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ, и премиерот на Андреј Пленковиќ – присуствуваа на миса за татковината во катедралата во Загреб, предводена од кардиналот Јосип Божаниќ.

На средината на мисата на Колинда и се слошило и морала да излезе надвор. Нејзиниот портпарол изјави дека се е во ред со нејзиното здравје, но на мисата не се вратила. Претседателката веројатно повторно ги имала проблемите и болките во вратот на кои се жали подолго време. Поради тоа беше одложен приемот во исламскиот центар и приемот за Денот на државноста кој требаше да биде во нејзина организација.


Турскиот претседател, пак, Реџеп Таип Ердоган изјави дека не се чувствува добро, а потоа накратко и бил онесвестен на утринска молитва во џамијата “Мимар Симан”, по што беше изнеснен од џамијата и му беше укажана медицинска помош.

Ердоган рече дека тој имал проблеми со притисок, но дека се чувствува добро и дека ќе продолжи со програмата, која ја има закажано за денеска по повод големиот празник Бајрам.