Лупевска направи интервју со својот цензор (ВИДЕО)

Новинарката на Телма Снежана Лупевска откако се пожали дека нејзината телевизија ја цензурирала емисијата КОД односно не дозволила да се емитува дел од емисијата, вчера направи интервју со човекот кој ја нарачал цензурата.

„Почитувани пријатели неизмерно ја ценам поддршката што ми ја давате и со тоа помогнавте заедно да ја избориме битката за вистината. Благодарност за сите кои ставивте like или го споделивте мојот пост и емисијата Код , со што помогнавте да се чуе за судбината на Александар и Христијан . Заедно сме навистина посилни. Особено им благодарам на моите лични пријатели и семејството но пред се на тимот на Код без кои сето ова не ќе беше можно. За оние кои пропуштија еве ја Топ Тема и моето интервју со Илија Гечев и ТВ емитувањето на прилогот од емисијата Код“, напиша Лупевска откако во емисијата Топ Тема разговараше со сопственикот на фирмата ИГМ Илија Гечев.