Лионел Меси имаше една од своите најдобри партии во славјето на Барселона во финалето од Копа Дел Реј против Алавез (3-1) и дојде до 30. трофеј во кариерата. Во мечот на Висенте Калдерон во Мадрид, Аргентинецот практично сам ги совлада Баскијците кои, во првото полувреме немаа решение за неговата виртуозност. Меси даде еден гол, во два беше креатор на акциите од кои погодуваа Нејмар и Пако Алкасер, а на другата страна прекрасно реализираше Тео Ернандез.