Нашата селекција до 19 години ја победи со пресврт Швајцарија во Скопје со 2-1. Ова беше прв натпревар во квалификациите за ЕП, а триумфот е обезбеден откако по едно полувреме бевме во негатива што и додава квалитативна и радосна нота на победата. Гостите ги решија првите 45 минуту со водство од 1-0 и тоа со погодокот на Угриниќ. Тоа беше нашиот послаб дел, по што во вториот дел нашата репрезентација доминираше и преку Трајановски во 56 минута изедначи, а пет подоцна и поведе преку Атанасов. Тоа се покажа како конечен резултат за голем успех на новата генерација.
Нов противник на нашата селекција до 19 години е репрезентацијата на Белгија на 11, а во последниот меч од групата во Скопје на 14 ноември се соочуваме со Лихтенштајн.