Македонија на сивата листа на ЕУ на даночни раеви

Македонија се најде на сивата листа на даночни раеви од целиот свет што ја објави денеска Совет за економски и финансиски односи (ЕКОФИН), а ја одобрија министрите за економија и финансии на 28. земји-членки на Европска унија.

Сивата листа ја сочинуваат 47 земји што се обврзаа дека ќе ги променат своите даночни закони под притисок на ЕУ, а на неа, покрај Македонија, се и Србија, Црна Гора, Швајцарија, Турција итн.

На првата црна листа на ЕКОФИН со даночни раеви се 17 земји, и тоа Американска Самоа, Бахреин, Барбадос, Гренада, Гуам, Јужна Кореја, Макао, Маршалски Острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Света Луција, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис и Обединети Арапски Емирати.

Еврокомесарот за економски и финансиски работи, за оданочување и за цирина Пјер Московичи го поздрави објавувањето на листата, нарекувајќи го „важен пресврт по двегодишната борба“ за почитување на европските и на меѓународните даночни стандарди.