Македонија стана двојазична, Собранието изгласа

Македонското Собрание пред малку го изгласа законот за јазици познат како законот за Албанскиот јазик.

Со 69 гласа за пратениците на СДСМ, ДУИ, АА, БЕСА го изгласаа контраверзниот закон со кој албанскиот јазик станува на исто ниво со македонскиот и ќе може да се користи на ниво на цела земја.

Пратениците на опозицијата ја бојкотираа седницата за јазикот.

За законот гласале и мнозинство од малцинствата со што е исполнето Бадинтерово правило.

Против законот беше и претседателот на државата Иванов кој го смета за неуставен.

Во пресрет на гласањето потпретседателот на ДУИ Артан Груби преку косовски медиуми им порача на пратениците на СДСМ да бидат во салата на гласањето.