Под наслов „Критични трипартитни разговори за прашањето за името ‘Македонија’ во Виена“ денешен „Катимерини “ пишува дека непосредно пред почетокот на состанокот со македонскиот колега Никола Димитров и со посредникот Метју Нимиц, грчкиот министер Никос Коѕијас изразил оптимизам:
„Се надевам дека денес ќе преземеме некои позитивни чекори“, изјавил грчкиот министер кусо за новинарите.
Катимерини потсетува дека и покрај постепениот напредок на билатерално ниво, спорот за името продолжува да внесува поделби во грчката коалиција и меѓу партиите.
Грчки аналитичари велат дека доколку средбата со Димитров и Нимиц напредува добро и ако постојат изгледи за договор, Коцјаас ќе се консултира со лидерите на опозицијата за време на состаноците во понеделник или вторник, за владата да добие чиста ситуација за тоа на кој може да се потпре на пред да се испрати договорот во Парламентот.
Но, идерот на Неа демократиј, Киријакос Мицотакис изјави дека нема да се сретне со Коцијас за брифингот.
Министерот за надворешни работи „во сенка“ на Неа демократија, Јоргос Кумуцакос, вчера изјави дека Мицотакис сака да биде директно информиран од премиерот Алексис Ципрас.
Ципрас ја нагласи потребата за „долготрајно решение“, во услови кога неговата левичарска СИРИЗА и помалиот коалициски партнер Независни Грци (АНЕЛ) не се согласуваат со тоа што треба да подразбира компромисиот за потенцијално решение.
Водачот на АНЕЛ, Панос Каменос изјави дека неговата партија никогаш нема да прифати решение што ќе им овозможи на БЈРМ да го користи терминот “Македонија”, пишува „Катимерини“.
Регионалниот гувернер на Централна Македонија, Апостолос Цицикостас, го повтори истото велејќи во средата дека единственото решение што „ќе држи“ е она што не го вклучува терминот „Македонија“.
Инаку, Грчкото МНР денес на својот сајт објави фотографии на медијаторот Метју Нимиц со министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас пред почетокот на средбата.