Легендарната Мартина Навратилова застана во одбрана на хомосексуалците во елитниот тенис и побара геј спортистите, и општо, луѓето со ваква ориентација да не се поистоветуваат со ѓаволска работа. Сета оваа бурна реакција на Американката родена во Чешка и освојувачка на 18 Гренд Слем сингл титули доаѓа по изјавата на друга легендата на белиот спорт, Австралијката Маргарет Корт која мината недела рече дека женскиот тенис е преполн со лезбејки и дека трансродните деца се дело на ѓаволот.


Навратилова која се декларира како хомосексуалец уште во време на активното играње, не застана, тука и од организаторот побара да биде преименуван еден од главните терени на кој се игра Австралија Оупен, а го носи името на Маргарет Корт која, пак, во меѓувреме стана е дел од градската управа на Перт и е член на христијанското движењето Пентекосталисм.