Барселона вгради неверојатна клаузула во новиот договор на Лионел Меси кој на крајот од јуни ќе потпише обврска до 2021. година. Според неа, ако некоја екипа сака да го ангажира Аргентинецот ќе мора да плати откупна клаузула од 400 милиони евра што е рекорд над рекордите во светскиот спорт.

Со тоа Каталонците си го обезбедуваат фудбалскиот гениј веројатно до крајот на кариерата, со оглед на тоа дека тој сега има 29, а договорот ќе го потпише кога на 24 јуни ќе наполни 30 години.

Во името на Лионел преговарал татко му, а страната на Барса ја претставувал претседателот Жозеп Мариа Бартомеу. Тие договориле 30 милиони евра по сезона, што е во рамките на очекувањата. Тоа што