Аргентинецот е пред потпис на новиот, долго очекуваниот договар со Барселона кој ќе биде најголем во историјата на фудбалот. Станува збор за 400 милиони евра кои ќе го обврзат Лионел Меси до 2021 година што прави 100 милиони евра годишно што е двојно од сегашните 50 милиони. Football Leaks ги објавува овие детали со напомена дека тоа е двојно повеќе од официјално најдобиот играч на светот за годината Кристијано Роналдо.