Мехмети: Право на „Македонија“ имаат само Албанците и словенските Македонци

Професорот и претседател на Албанска културна заедница во Македонија, Абдула Мехмети, порачува дека само домородното население во Македонија има право на името, а тоа се „словенските Македонци и Албанците“.

„Ако ‘копаме’ под Илирскиот полуостров, ќе видиме дека ниту Словените, а уште помалку Грците, имаат право да го забрануваат името ‘Македонија’. Оттука, историското право на името им припаѓа особено на Албанците, како директни потомци на Пелазгите и на Илирите, но и на словенските Македонци“, вели Мехмети.

„Сега е време Албанците во земјава да го бранат името, оти се бранат себе си“, нагласува професорот.

Според него, сега е време Албанците да ја кажат вистината отворено, пред меѓународниот фактор, со голема гордост.