40 годишниот Американец во Лас Вегас го победи по 10 рунди ирскиот борец што за Флојд Мејведер значи рекордна 50 професионална победа, а сета кариера заврши без пораз и пово дуелот со УФЦ шампионот Конор МекГрегор.

МекГрегор од почеток притискаше и го тераше Американецот на јажињата, но единственено што му успеа е да пласира добар аперкат, додека Мејведер неколку пати возвраќаше поразновидно. Главната возбуда се случи во седмата рунда, кога Мејведер го погоди УФЦ шампионот со десетина чисти удари.

Потоа Ирецот, до десетата рунда постојано го фаќаше противникот и се спасуваше од нокдаун. Мејведер направи серија неодговорни удари во последната рунда и го присили судијата да ја прекине борбата.

Мејведер за самото учество во дуелот, без оглед на триумфот, заработи 100 милиони долари, а МекГрегор ќе добие 30 милиони.