Второпласираната во Јадранската кошаркарска лига Цедевита, лесно, рутински го победи македонскиот првак во неговиот дом Јане Сандански со 85-64, го завери своето второ место на коло пред крајот и нашето последно во целата конкуренција.

МЗТ Скопје објективно немаше сили за нешто подобро од поразот од 21 разлика, а радува што имаше периоди во кои беше и рамноправен. Ова особено важи за третата четвртина која Аеродромци и ја добија со 17-16, но за некаква неизвесност не можеше да стане збор зошто загрепчани водеа со 2 разлика по првата четвртина, а со 10 поени предност по дваесет минути ефективна игра. Истата во последниот период брзо порасна до плус 20, па новиот 18 пораз во 21 коло беше неизбежен.

Најдобри во нашиот табор беа Спасоевиќ со 13 и Лалиќ со 12 коша, а во мечот плејот на гостите Чери со 20 поена. Во последниот, простувачки круг за оваа сезона од Јадранската лига, МЗТ Скопје на 11 март гостува кај Морнар.